×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пазарот за стари работи од Долно Којнаре ќе се премести на друга локација, најави Димитриевски

    24.04.2025 14:52 | Оливера Пешевска

    Пазарот за стари работи, т.н. „бувљак“ во Долно Којнаре ќе се дислоцира за многу кусо време, вети кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. 

    Пазарот за стари работи од Долно Којнаре ќе се премести на друга локација, најави Димитриевски

    Тој објасни дека се бараат алтернативни локации, затоа што паркинг просторот не ги задоволува потребите на граѓаните, а го блокира сообраќајот во деновите кога работи, на прашање на Кумановоњуз.

    „Имаме делумно импровизиран паркинг простор кој е под владение на ЈП „Пазариште“ и не ги задоволува потребите на тој пазар, кој го нарековте „бувљак“. Се бараат алтернативни решенија тој пазар во иднина да биде дислоциран на друга локација. Една од можностите е да биде преместен на Спортскиот аеродром Аџи Тепе, за времена намена за да може да се растетери овој простор овде за основната намена - а тоа е добиточен пазар“, кажа Димитриевски.

    Жителите од тој дел на градот често реагираат поради големиот сообраќаен метеж кој ги блокира тротоарите, но и влезовите во дворите и куќите. Истовремено се блокирани и улиците, а често се случуваат и мали незгоди, караници кои го реметат мирот на улицата. Функционирањето на овој пазар во деновите од викендот, сабота и недела, создава големи количини на смет, што од продавачите, што од посетителите.