Пчиња безбедна за капење
25.07.2014 12:07
| KumanovoNews
Водата во реката Пчиња е безбедна за капење, покажале резултатите од Центарот за јавно здравје Куманово.

Анализата е направена од примероци од водата во рекреативниот центар Пелинце и кај бањата во Стрновац.
- Водата може да се користи за капање, но не смее да се пие. Препорачуваме туширање со чиста вода, по капењето, велат од Центарот за јавно здравје Куманово.
Испитувања се вршат неколку пати годишно, а особено во летните месеци кога водата во реката се корити за капење.