Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жителите на селото Пчиња се закануваат дека по празниците ќе го блокира патот до депонијата Краста и нема да дозволи камиони да истовараат ѓубре на оваа локација.
Ние имаме потпишано меморандум со општината уште пред пет години да се најде нова локација за депонијата. За четири години градоначалникот тоа не го оствари, и ние сме револтирани бидејќи 50 години тука се носи смет, а Општина Куманово нема вложено ништо во нашиот крај. Нема водовод,игралиште, училиштето не е реновирано, ништо не е направено иако е обврска на локалната самоуправа да се грижи за инфраструктурни проблеми - вели Дејан Трендевски, претседател на месна заедница во село Пчиња.
Тој вели дека два дена ќе го блокираат патот, а потоа ќе му дадат простор од неколку месеци на градоначалникот Зоран Дамјановски да најде нова локација за депонија.
Мештаните за блокадата го известиле Министерството за внатрешни работи, Министерството за животна средина, општината, ЈП “Чистоа и зеленило“ и барат трајно решение на проблемот, бидејќи не сакаат да се гушат во чад.