Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советниците утре ќе ја одржат педесет и првата редовна седница на Советот. Седницата ќе се одржи во кружната сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 10 часот.
На дневен ред се 17 точки.
1. Извештај за деловно финансиско работење на ЈП ‘‘Чистота и зеленило‘‘ – Куманово за период Април – Јуни 2011 година;
2. Предлог - Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општината Куманово за 2011 година;
3. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2011 година;
4. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за развој на спорт и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2011 година;
5. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Куманово за 2011 година;
6. Предлог - Одлука за давање согласност за oтпочнувањето и имплементацијата на проектот “Бизнис информативен и тренинг центар”;
7. Предлог – Одлука за давање согласност на Центарот за развој на Третиот - североисточен плански регион, за разработка, аплицирање и спроведување на Проектот ‘‘Сите деца учат заедно – Прекугранична мрежа на инклузивни училишта‘‘ во О.У. ‘‘Толи Зордумис‘‘ – Куманово;
8. Предлог – Одлука за давање согласност на Центарот за развој на Третиот - североисточен плански регион, за разработка, аплицирање и спроведување на Проектот ‘‘Сите деца учат заедно – Прекугранична мрежа на инклузивни училишта‘‘ во О.У. ‘‘Бајрам Шабани‘‘ – Куманово;
9. Предлог – Одлука за давање согласност на Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ‘‘Порака наша‘‘ – Куманово, за аплицирање и имплементација за проектот ‘‘Реконструкција и доградба на објектот дневен центар со групно домување;
10. Предлог – Одлука за давање согласност на СОУ Гимназија ‘‘Гоце Делчев‘‘ Куманово за аплицирање и имплементација на проектот ‘‘Подобрување на еколошка образовна инфраструктура и придонес во развојот на Еколошкото образование во училиштата од трансграничен регион помеѓу Ќустендил и Куманово со партнер од Ќустендил – Гимназија ‘‘Проф. ‘‘Емануел Иванов‘‘;
11. Предлог – Одлука за исплата на парични средства од Буџетот на Општина Куманово за 2011 година од ставка Тековни резерви, за ангажирање на противпожарни работници;
12. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2011 година;
13. Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од У.Е ‘’11 – ти Ноември‘‘, дел од урбан блок 65, Плански опфат меѓу ул. ‘’11 – ти Ноември‘‘, ул. ‘‘Никола Вапцаров‘‘ и пешачка улица- Општина Куманово;
14. Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од УЕ ‘‘Тоде Мендол‘‘, дел од УБ 61, Плански опфат меѓу ул. ‘‘Тоде Мендол‘‘, ул. ‘‘Ѓуро Ѓаковиќ‘‘, ул. ‘‘Доктор Рибар‘‘ и ул. ‘‘Караорман‘‘ - Општина Куманово;
15. Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт Детален урбанистички план за дел од У.Е. ‘‘Бајрам Шабани‘‘, дел од Урбан блок 55-г и дел од Урбан блок 54, Плански опфат меѓу ул. ‘‘Франц Розман‘‘, КП 23702/2, КП 23703/2,, ул. ‘‘Максим Горки‘‘ и пешачка улица - Општина Куманово;
16. Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од УЕ ‘‘Х.Т.Карпош‘‘, дел од УБ 64-е, Плански опфат меѓу ул. ‘‘Киро Фетак‘‘, ул. ‘‘Х.Т.Карпош‘‘, ул. ‘‘Јане Сандански‘‘ и ул. ‘‘Трст‘‘ - Општина Куманово;
17. Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од УЕ ‘‘Бајрам Шабани‘‘, дел од УБ 56,, Плански опфат меѓу бул. ‘‘Трета МУБ‘‘, ул. ‘‘Перо Наков‘‘, ул. ‘‘Салтир Наумов‘‘ и ул. ‘‘Народна Револуција‘‘ - Општина Куманово