×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пендаровски: Сакам побогата Македонија и посреќни луѓе

    13.03.2014 14:08 | KumanovoNews

     Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на СДСМ, денеска го посети Зелениот пазар во Куманово и оствари средба со граѓаните.

    Пендаровски: Сакам побогата Македонија и посреќни луѓе

    За Куманово рече дека е заборавен град, иако е конгломерат на луѓе од различни нации, вери, социјални слоеви, град со традиција и големи потенцијали. Тој како проблеми со кои се соочува земјава ги посочи нискиот наталитет, иселувањето, лошиот третман на стечајците, поделеноста меѓу луѓето по секакви основи.

    Луѓето немам намера да ги делам ни по вера, ни по нација, ниту по партиска припадност. Моето очекување е дека Република Македонија можеше да биде многу подобро место за живеење досега ако не се делевме и таму каде што не треба. Што е најголемата грижа, најголемата желба на еден обичен Албанец, Македонец, Србин, Бошњак? Да живее подобро, да има за себе и за своите деца. Во тие насушни животни потреби ние не се разликуваме. Има ли потреба некој да добие субвенција затоа што е член на една, а не е член на друга партија? Има ли потреба некој да добие подобар третман од државата, да биде форсиран да добие вработување само затоа што е член ваму, а не таму - изјави Пендаровски.

    Немам намера да купувам и продавам гласови, им приоѓам на сите како на граѓани, луѓе и ако сакаат нека ме гласаат, тоа е нивно демократско право, додава Пендаровски. Тој се сретна и со стечајците на кои им вети дека ќе стане член на нивното здружение УНИТ.