Пензионерите ќе настапат на републичка фолклорна ревија
08.06.2015 10:04
| KumanovoNews
Играорците од Здружение на пензионери Куманово, утре ќе настапат на републичка ревија на игри и песни во Народен театар во Скопје.

Пред тамошната публика ќе се претстават со дел од сплетот кумановско поле.
„Повеќе од 20 наши играорци ќе покажат што знаат и умеат. На манифестацијата ќе настапат 28 пензионерски ансамбли од цела Македонија. Ќе се направи избор, така што најдобриот ансамбал наесен ќе учествува на ревија од меѓународен карактер во Љубљана, Словенија„- вели Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.
Кумановските пензионери 13 година по ред учествуваат на републичка фоклорна смотра.