×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пензионерите ќе добијат покачување на пензиите и по 1000 денари во наредните три месеци

    04.03.2022 21:26 | Сузана Николиќ

    Премиерот Димитар Ковачевски со претставиците на Сојузот на пензионерите и Партијата на пензионерите договориле нова методологија според швајцарскиот модел, со кој усогласувањето на пензиите ќе се врзе со по 50 отсто за порастот на трошоците за живот и за просечна плата.

    Пензионерите ќе добијат покачување на пензиите и по 1000 денари во наредните три месеци

    Со новата методологија, пензионерите со просечна пензија која во моментот е 16.300 денари, од септември натаму секој месец ќе имаат просечно 900 денари плус на својата сметка и тоа е рекордно зголемување на пензиите во историјата на Македонија.

    Во изјавата за медиумите Ковачевски додаде дека 2022 година за 12 месеци, заедно со директната финансиска помош, во просек пензионерите ќе имаат вкупно годишно околу 12.000 денари плус во буџетот во однос на 2021 година.

    Усогласувањето на пензиите, ќе се врши два пати во годината, односно тогаш кога Заводот за статистика ги дава официјалните податоци.

    Освен новата методологија, се постигна договор и за пакет интервентна финансиска помош за пензионерите од по 1000 денари во месеците април, мај и јуни.

    „Овие дополнителни 3000 денари за овие три месеци, се исклучително добредојдени во овој период на продлабочена криза енергетска криза“, нагласи Ковачевски.