Пензионерите организираат поетско - музичка вечер
        04.03.2015 12:04
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 18 часот, ќе се одржи поетско - музичка вечер, во организација на Здружение на пензионери Куманово.
 
                  По повод празникот на жената - 8 - ми март, пензионерите ќе читаат песни на тема “Отвори ја душата“. Со културно - уметничка програма ќе се претстави и КУД“Ѓоко Симоновски“, ансамбал кој фунцкионира во рамки на Здружението. Влезот е слободен.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  





