Пензионерите распишаа конкурс за 8 Март
12.02.2014 09:32
| KumanovoNews
По повод празникот на жената - 8 март, Здружението на пензионери Куманово распишува литературен конкурс на тема “И староста е убава“.
На конкурост можат да учествуваат нашите членови со песна не подолга од 35 реда. Имаме десетина активни поети пензионери кои пишуваат и тие ќе се вклучат во одбележувањето на празникот. На 6 март ние ќе организираме поетско - музичка вечер во клубот “Христијан Т.Карпош“ - вели Љубица Кузмановска, потпретседател на Здружение на пензионери Куманово.
Конкурсот ќе биде со ревијален карактер.