Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението на пензионери Куманово организира хуманитарна акција за помош на населението од поплавените подрачја.
“Ги повикуваме своите членови и заинтересирани граѓани да се вклучат во хуманитарната акција за помош на поплавените подрачја во Република Македонија. Може да се донираат прехранбени производи, флаширана вода и парични средства кои ќе бидат евидентирани на список“ - стои во соопштението од Здружение на пензионери Куманово.
Помошта треба да се достави во просториите на Црвен Крст Куманово.