Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На 10 мај кумановските пензионери ќе учествуваат на заедничка средба во Крива Паланка.
Средбата е традиционална и секогаш има многу дружење. Домаќините ја организираат манифестацијата, а ние сме само гости и редовно одиме. Се собираат пензионери од целиот регион, од овој дел на Македонија - вели Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.
На настанот се поканети 15 пензионерски здруженија од регионот.