Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членови на здружението за заштита на правата на болните од малигни заболувања “Пеперутка“ од Скопје, денеска делеа флаери во кругот на Општа болница Куманово за лимфони.
Овие активности се дел од нивната кампања насловена како “Подобро провери“. Флаерите содржат информации за рано откривање на ова малигно заболување. Симптомите по кои се препознава оваа болест се зголемена лимфна жлезда, тврда на допир, покачена температура, ноќно потење, малаксаност, чешање и слично.
“Мора да се потенцира дека во Македонија, лимфомите не се често заболување. Но, годишната стапка на заболени има тенденција на пораст. Затоа, неопходно е да се дијагностицира навремено за да може да се почне со рано лекување, кое е поефикасно ако се отпочне навремено“ - објаснува Наташа Маслеша, претседателка на “Пеперутка“.
На ниво на држава годишно се регистрираат стотина пациенти заболени од лимфони.