Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во средното училиште “Перо Наков“ денеска со приредба беше одбележан патрониот празник.
Сумирани беа резултатите и успесите кои се постигнати за период од една година.
Имаме бројни награди по математика, трето место за литературна творба по повод Месецот на книгата, професорката Елизабета Секирарска беше прогласена за најдобар просветен работник на ниво на држава. Проектот кој го реализиравме во Португалија е во завршна фаза и ќе правиме дисеминација - вели Мила Жибак, заменик директор во “Перо Наков“.
На прославата беше прикажана мултиетничка презентација насловена “Роденден“, а учениците од албанските паралелки го презентираа својот фолклор, пред гостите, училиште партнер од Романија.