Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Автомобил прегазил пешак на улицата Гоце Делчев, во близина на трговскиот центар Гарнизон.
Според првичните информации, несреќата се случила вечерва петнаесетина минути пред 22 часот, додека човекот поминувал по улицата на раскрсницата кон улицата Трст. Тогаш од семафорите на Серава со голема брзина наишол автомобил БМВ, удрил во човекот и го отфрлил триесетина метри. Откако го повредил, наместо да му помогне возачот побегнал со автомобилот. Повредите за средовечниот маж, кој сеуште не е идентификуван, биле фатални. Од полицијата го потврдија случајот и најавија повеќе информации за утре. Се врши увид на лице место и улицата е затворена за сообраќај.