Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Педесет и деветогодишен кумановец загинал вечерва во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка во населба Карпош, во близина на т.н. Салон.
„Во 20.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека, патничко моторно возило “ауди”, управувано од Н.Т. (22) од село Добрача, Старо Нагоричане, удрило во пешакот З.Ѓ.(59) од Куманово. Во незгодата пешакот З.Ѓ. починал на самото место“, соопшти Кумановската полиција.
Увидот е во тек.