×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пет кумановци каснaти од змија

    08.07.2013 09:21 | KumanovoNews

     Пет жители од кумановско во последните три месеци побарале помош во Општа болница Куманово откако ги каснала змија.

    Пет кумановци каснaти од змија

    Од инфективното одделение велат дека се работи претежно за повозрасни луѓе кои живеат на село, но во контакт со змија дошле и деца.

     Регистрирани се пет случаи од кои дел примиле антивиперинум серум во Брза помош, а потоа се донесени кај нас, а останатите се примени директно на нашето одделение. Има две деца, а останатите се повозрасни. Првото каснување беше во април, а последниот каснат е донесен вчера. Воглавно се луѓе од рурална средина и некои од нив се каснати од змии кои не се отровници. Во суштина сите се во многу стресна состојба и веднаш се јавуваат во Брза помош. Доволно работи стравот за да биде итна ситуацијата - вели Валентина Џартовска, началник на инфективното одделение.

    Сите пациенти се сместуваат на одделението и примаат соодветна терапија.