Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во директен судир на два автомобила на место викано Герен, кај селото Макреш, вчера околу 14 часот повредени се пет лица.
З.Д.(39) со автомобил “форд ескорт“ со кумановски таблички се движел по локалниот пат Војник-Бајловце, при што во еден момент изгубил контрола над возилото, преминал на левата страна и директно се судрил со “форд ескорт“ со штипски таблички, кој бил управуван од Д.Д.(26) од Штип. З.Д. се здобил со скршеница на десната потколеница и е пренесен во Ургентен центар во Скопје, а неговиот сопатник, штипскиот возач и двајца негови сопатници поминале со полесни телесни повреди и нив помош им е укажана во Општа болница Куманово.