×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пет милиони евра од ЕУ за иновативни проекти во општините

    30.10.2020 15:51 | KumanovoNews

     Европската унија ќе додели 5 милиони евра за општините за спроведување на проекти за подобрување на локални услуги. Повикот ќе биде отворен до 30 декември, а условот е проектите да понудат нов начин на решавање на проблемите во општините.

    Пет милиони евра од ЕУ за иновативни проекти во општините

    „Министерството за локална самоуправа од буџетот на државата обезбедува 600.000 евра за кофинансирање на одобрените проекти. На овој начин им олеснуваме на општините да аплицираат и ги правиме подостапни за користење фондовите на Европската Унија. Условот е проектите да понудат нов начин на решавање на проблемите во општините. Со иновативни решенија да ги подобрат постојните или пак да креираат нови локални услуги“, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски, на информативната онлајн сесија за почеток на проектот, на која учествуваше и амбасадор на ЕУ во земјава Дејвид Гир.

    Главните приоритетни сектори на претстојниот јавен повик се: иновативни општински услуги и иновативни решенија за унапредување на постојните услуги, социјална грижа и општински социјални услуги, подобрување на локалните капацитети и подготвеност за управување со кризи, економско опоравување од кризата предизвикана од пандемијата, можности за работни места и вештини на локално ниво во областа на економијата на знаење, „Green deal” приоритети, како што се ублажување и приспособување на климатските промени, одржливо користење на природните ресурси.

    Европската Унија обезбеди и дополнителни 1 милион евра за техничка подготовка на општините за аплицирање.