Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пет лекари од приватни здравствени установи се вратија на работа во Општа болница Куманово.
Се работи за двајца хирурзи, интернист, педијатар и кожен лекар, кои одлучиле да се вратат да работат во јавното здравство.
Јавното здравство е посигурно, нуди можности за самореализација, има многу обуки надвор и современа апаратура. Лекарите сакаат да напредуваат во својата кариера. Тие не сакаат да работат повеќе во приватно, туку во јавно здравство и затоа ја избраа нашата болница. Чекаме уште лекари да се вратат - изјави Ариф Љатифи, директор на Општа болница Куманово.
Тој објаснува дека со проектот “Дисперзирана клиника“ и со дежурства на лекари од Скопје ги задоволуваат потребите за специјалисти во болницата.