Мени

Пет улици немаат вода

12.09.2012 08:01 | KumanovoNews

 Утринава пет улици во градот се без вода за пиење.

Пет улици немаат вода

Вода немаат домаќинствата кои живеат на улиците “Пере Тошев“, “Студена Вода“, “Правда Спасовска“, “400“ во населба Иго Тричковиќ и “Вардарска“. Дефектот на водоводните цевки ќе биде саниран во најкус можен рок. Се очекува до крајот на работниот ден граѓаните да добијат вода за пиење.

Во останатите делови на градот нема посериозни прекини во снабдувањето со вода.