Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово во соработка со Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија„ и во договор со куќните совети на пет згради во централното градско подрачје, ќе спроведува проект за енергетска ефикасност.
Со проектот се опфатени зградите на улиците „11 Октомври„ бр.1, Плоштадот „Маршал Тито„ бр.39, Плоштад „Нова Југославија„ бр.2, „Моша Пијаде„ бр.14 и „Тоде Думба„ бр.100. Проектот за енергетска ефикасност е во фаза на реализација. Претходно била направена анкета со станарите, кои позитивно се изјасниле и прифатиле да се сменат вратите и прозорците, со што ќе се заштеди енергијата.
Општина Куманово си зема за обврска да ги смени фасадите, заеднички со Хабитат. Нејзиното учество е околу 20 проценти од вкупниот проект во зградата. На граѓаните им даваат кредити без камати. Ако порано плаќале сметки од 5.000 денари , сега ќе плаќаат 2.500 денари и од самата заштеда ќе ги вратат парите. Дури може потрошувачката на енергија да се намали за повеќе од 50% - вели Горан Митевски, раководител на сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции во општина Куманово.
Ваков проект од 2007 до 2009 година се спроведувал на станбена зграда на улица „Вера Јоциќ„, на која се променети прозорците, вратите, кровната конструкција и објектот е термички изолиран. Со новите технологии зградите добиваат модерен лик, а истовремено штедат и енергија. Ќе се настојува во иднина да се зголеми бројот на објекти кои ќе штедат енергија, најавуваат од Општината.