×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Петмина осомничени, со фалсификувани евра пазареле во Куманово

    11.03.2024 08:29 | Оливера Пешевска

    Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово поведе постапка против пет лица, од кои две се осомничени дека сториле продолжено кривично дело –  Фалсификување пари додека останатите со умисла им помогнале да го извршат делото, соопштија од Јавното обвинителство (ЈО).

    Петмина осомничени, со фалсификувани евра пазареле во Куманово

    Осомничените, четворица жители на Скопје и една жителка на Крива Паланка, сите на возраст меѓу 19 и 34 години, за сума од 18.000 денари набавиле девет фалсификувани банкноти од по 100 евра од лице од Скопје.

    „Потоа, во пет наврати во Куманово и еднаш во Крива Паланка, во различни правни субјекти купувале производи и услуги со фалсификуваните банкноти. Набавувале храна, алати, но и изнајмувале соби, со што се стекнале со противправна имотна корист“, информираа од ЈО.

    Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничените.