×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Петрушевски: “Чистота“ нема обврска да ги коси сите тревници во градот

    14.07.2015 11:11 | KumanovoNews

    Jавното претпријатије “Чистота и зеленилo„ не е должно да ги одржува тревните површини пред стамбените згради, меѓу кои и паркот на локалитетот “Водовод“, кој пред неколку дена беше запален.

    Петрушевски: “Чистота“ нема обврска да ги коси сите тревници во градот

    Според директорот Сашо Петрушевски, погрешно е мислењето на граѓаните дека јавното претпријатие има обврска да ги коси сите зелени површина во градот. Тој тврди дека во нивната програма за работа се: парковите во Соколана, на Градскиот плоштад и кај Автобуската станица, Градскиот кеј, жардиниерите на булеварите Октомвриска револуција и Трета МУБ и зеленилото на улицата 11 Октомври, додека сите останати тревници и паркови, приватни или општински, не се во нивна надлежност.

    По формирањето на стамбените задруги кои склучуваат договор со куќните совети, тие ја преземаа обврската за одржување на зеленилото во стамбените згради, бидејќи се приватен имот. И зелените површини што не се приватизирани и припаѓаат на општината или државата, не се наша обврска затоа што не се внесени во програмата за работа. За да ги одржуваме некој треба да ни плати. Ние имаме буџет само за она што ни е предвидено со програмата што ја усвојува Советот,- објаснува Петрушевски. 

    Директорот додава дека тие сепак редовно организираат саботни акции за средување на тревните површини меѓу зградите. Целта им е да ја разбудат свеста кај граѓаните да ги одржуваат своите дворови во стамбените комплеси и да дадат свој допринос за поубав и поуреден животен простор во градот.

    Незадоволни од состојбата со зелените површини во градот, граѓаните бараат од локалната самоуправа и инспекциските служби да ја контролираат работата на фирмите кои имаат обврска да го одржуваат зеленилото околу стамбените згради, бидејќи наместо уреден урбан простор се повеќе личат на џунгла.