Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се предложени 38 точки: квартален извештај за извршување на буџетот, годишни извештаи за работа, измени и дополнувања на статути, измени на програми за работа и планови за вработување, разрешување и именување на членови на управни и надзорни одбори, училишни одбори, донесување и измени на ДУП, формирање на Комисија за односи меѓу заедниците, преземање на административен службеник и други точки.
Дневен ред
1. Предлог – Одлука за констатирање престанок на мандат на член на Советот на Општина Куманово;
2. Годишен извештај на Територијална противпожарна единица Куманово за 2021 година;
3. Програма за работа на ТППЕ Куманово во 2022 година;
4. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;
5. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;
6. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена на Статутот на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
7. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
8. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
9. Измена на Програма за одржување јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2022 година;
10. Измена на Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2022 година;
11. Измена на Програма за зимско одржување на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2022 година;
12. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена на Годишен план за вработување во 2022 година на ЈП „Водовод“ – Куманово;
13. Предлог – Одлука за зголемување на основната главнина на Јавно претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ Куманово;
14. Извештај за стекнати и распределени средства во 2021 година од ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово;
15. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за IV квартал од 2021 година;
16. Извештај за извршување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за периодот од 1 јануари 2021 година до 31 декември 2021 година;
17. Предлог - Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2022 година;
18. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2022 година;
19. Извештај за реализирани активности во 2021 година на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР;
20. Предлог - Програма на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР за 2022 година;
21. Предлог – Одлука за распределба на средства за културни манифестации по објавен јавен повик;
22. Предлог – Одлука за именување на членови на Општински совет за социјална заштита на Општина Куманово;
23. Предлог – Одлука за давање на согласност за продажба на движни ствари, сопственост на Општина Куманово, по пат на електронско јавно наддавање;
24. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за формирање на Комисија за процена и утврдување на висината на штетата од природни непогоди и други несреќи на подрачјето на Општина Куманово;
25. Информација за остварени приходи по основ на даноци и такси за 2021 година;
26. Предлог – Одлука за утврдување на висина на комуналните такси;
27. Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од У.Е „11-ти Ноември“ УБ 65-д, плански опфат меѓу ул. „Октомвриска Револуција“, ул. „Крсте Мисирков“, ул. „Црнотравска“ – Општина Куманово;
28. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на ДУП за ГП 30 на КП 22024 од ДУП од УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 62 - Општина Куманово;
29. Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општината Куманово за 2022 година за преземање на 1(еден) административен службеник;
30. Предлог – Одлука за формирање на Комисија за односи меѓу заедниците на Советот на Општината Куманово;
31. Предлог – Решение за именување на членови на Управниот одбор на ЈП „Пазаришта“ Куманово – претставници од Општина Липково и Општина Старо Нагоричане;
32. Предлог - Решение за констатирање престанок на мандат и именување на член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово;
33. Предлог - Решение за разрешување и именување на член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Куманово – план“ Куманово;
34. Предлог - Решение за разрешување и именување на член на Управниот одбор на ЈОУД Детска градинка „Ангел Шајче” – Куманово;
35. Предлог – Решение за измена на Решението за именување на членови на Одборот за контрола на материјално-финансиското работење на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски” – Куманово;
36. Предлог – Решение за именување на претставници од Општина Куманово за членови на Училишниот одбор во ОСТУ „Наце Буѓони” – Куманово;
37. Предлог – Решение за именување на претставници од Општина Куманово за членови на Училишниот одбор во СОУ „Перо Наков” – Куманово;
38. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово - член на Управниот одбор на Јавната установа - Општински ученички дом „Професор Мијалковиќ” – Куманово.