Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Д.Ѓ.(34) од Куманово удрил полицаец со тупаница во лицето, откако се обидел да го приведе, затоа што правел неред на бензинската пумпа “Детоил“ во селото Добрешане.
Инцидентот се случил синоќа во 22.30 часот, откако кумановецот се опијанил толку многу што почнал да демонстрира сила. Фрлал и кршел шишиња на сите страни, а потоа се нафрлил и на инвентарот во локалот. Кога вработените повикале полиција, агресивниот клиент нападнал еден од полицајците и го удрил со тупаница во лицето.
Д.Ѓ. е приведен во СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поденсен соодветен поднесок.