Пијан сосед запалил плевна на сосетка
01.02.2013 11:25
| KumanovoNews
Жител на село Младо Нагоричане пијан ја запалил плевната на сосетката во која изгорела сточна храна за добитокот.

Пожарот се случил во септември лани, кога Д.В.(32) пијан дошол во дворот на сосетката В.П. и го запалил покривот на помошните објекти. Пожарот се проширил на плевната и изгорела детелина, слама, жито и концентрат. Д.В. ќе одговара за предизвикување општа опасност.