Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
М.А.(40) и И.Ш.(51), двајцата од Куманово се удирале со стаклени шишиња по главата, откако се напиле во кафеаната „Манта Груп“.
Инцидентот се случил пред два месеци, но деновиве е поднесена кривична пријава за насилство, откако завршила полициската истрага.
Според полицискиот извештај на 25. април, околу 20,00 часот, во кафеаната „Манта Груп“, двајцата гости, под дејство на алкохол започнале меѓусебна расправија, а потоа започнале и физичка пресметка. При тоа се удирале со стаклени шишиња по главите од што си нанеле телесни повреди, а го искршиле и инвентарот во летната бавча од објектот.
Двајцата ќе одговараат за кривично дело „насилство“.