Пијани кумановци тепале гост и обезбедувач во “Тунел“
13.06.2013 11:32
| KumanovoNews
Двајца кумановци под дејство на алкохол во кафе бар “Тунел“ со шишиња мавале по гости и обезбедувањето на локалот.

Инцидентот се случил на 24 мај, кога И.М.(39) и И.С.(39) откако испиле поголема количина на алкохол, почнале насилно да се однесуваат. И.М. со стаклено шише го нападнал Ј.М. кој го обезбедувал објектот, а И.С. исто така со стаклено шише удрил гостин и го повредил во пределот на раката.
И.М. кривично ќе одговара за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, а И.С за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.