Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во кумановското село Пелинце, во Меморијалниот центар АСМОМ, во сабота во 12 часот ќе започне „Пикник у Пелинце“. Настанот се одржува по вторпат, а влезот е бeсплатен.
Предвидена е музичка програма од 13 часа, како и повеќе културни и уметнички активности и камп зона.
Организаторите најавуваат дека во музичката програма предвидено е да настапат и Ендру Мелер, „DJ Flooder“, „Dado K. & Mamli“, „DJ Vaso“, „Jansky“, „Cobe“, „Igor Cige“, „Dyad“ и „Mitrik & Samardjiski“. Ќе има диџеј од Србија (Andrew Meller) и наши диџеи од Македонија.
На настанот ќе биде поставена и „чил зона“, а местата за седење се ограничени, додаваат организаторите, кои апелираат посетителите да ја чуваат природата.