Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Повеќе писатели од Куманово и играорци од КУД „Ѓоко Симоновски“ по повод 1 октомври-Светскиот ден на старите лица денеска ги посетија луѓето згрижени во Домот за стари лица „Зафир Сајто“.
Со песни, игри, ора, поезија се потрудија да им го разубава денешниот ден и да им посветат внимание.
Ние постојано ги посетуваме, годишно по неколку пати можеме со нив да приредиме задоволство и пријатен престој во оваа социјално здравствена установа на дел од пензионерите кои се овде - вели Спирко Николовски претседател на Здружение на пензионери Куманово.
Директорот на “Зафир Сајто“, Џемаљедин Неџипи кажа дека со овие посети старите лица чувствуваат дека не се заборавени и сами.
Организираме различни програми, еден дел од програмата е да организираме вакви забавни програми, а другиот дел е да организираме активности во рамки на нашата служба, секој ден предавања, лекции и т.н Исто така надвор од зградата организираме често пати екскурзии во различни градови - кажа директорот.
Во “Зафир Сајто“ се сместени 150 корисници од повеќе градови од Македонија.