Писателите организираат поетско - музичка вечер
27.11.2012 12:30
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер ќе се оддржи поетско - музичка вечер на која ќе учествуваат наградените ученици на литературен конкурс од средните и основните училишта .
На поетско музичката вечер ќе настапат Билјана Костадиновска на виолина и Светлана Трајковска на пијано.
Настанот го организира Друштвото на писатели Куманово, со почетокот во 19 часот во малата сала.