Планинарите од „Козјак 2013“ на Пирин
27.07.2014 06:23
| KumanovoNews
Петнаесетина планинари од планинарското друштво “Козјак 2013“ викендов ја освојуваат Пирин планина во Бугарија.

Нивна цел е да се искачат на врвот Вихрен висок 2914 метри. Искачувањето ќе биде во недела, а ако дозволат временските услови, ден порано планинарите ќе се искачуваат на врвот Тодорка висок 2746 м.