Планирани исклучувања на електрична енергија во Куманово
18.05.2026 08:17
| KumanovoNews
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, денеска ќе има прекини во снабдувањето со струја во дел од градот и околината.
Без електрична енергија денеска, во периодот од 08:00 до 14:30 часот ќе останат дел од улицата „Србо Томовиќ“, дел од улицата „Боро Прцан“ кај училиштето „Толи Зордумис“, како и дел од улицата „11 Ноември“ пред мостот за населбата Бедиње.
Планиран прекин ќе има и во селото Шупљи Камен, и тоа во делот од центарот на селото кон селото Тромеѓа, во периодот од 08:00 до 15:00 часот.
Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги прилагодат своите обврски согласно најавените прекини.