×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Платежни картички од 6000 денари за пензионери, самохрани родители, невработени и студенти

    27.09.2020 14:12 | KumanovoNews

    Платежни картички за купување на домашни производи од 6.000 денари за пензионерите, самохраните мајки, баратели на работа, студенти и ученици, најави Владата со четвртиот пакет економски мерки.

    Платежни картички од 6000 денари за пензионери, самохрани родители, невработени и студенти

    - Овој пат платежни картички со износ од 6.000 денари ќе ги добијат 5.726 самохрани родители, пензионерите со пензии до 15.000 денари, односно 182.271 наши сограѓани пензионери, невработените кои се пасивни баратели на работа, односно 85.108 граѓани, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници чија бројка е 520 корисници, - изјави премиерот Зоран Заев.

    Платежни картички „Купувам домашно“ ќе добијат уште 540 студенти, кои во претходниот пакет не ги добиле картичките, а за што навремено реагирале.

    Поддршка за ученички и студентски стандард од 44 милиони денари за 2020 година добиваат 884 студенти и 347 ученици.

    - Секако, ќе ги помагаме и оние граѓани кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи, - додаде Заев.

    Оваа мерка опфаќа на 283.000  граѓани, а нејзината вредност изнесува 27,6 милиони евра.