×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • По два месеци Советот утре ќе одржи редовна седница со 4 точки на дневен ред

    28.05.2024 11:30 | Сузана Николиќ

    Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница и на дневен ред ќе се најдат само 4 точки, извештаи за работа и финасиски извештаи. 

    По два месеци Советот утре ќе одржи редовна седница со 4 точки на дневен ред

    Седницата се одржува по точно 58 дена. Триесет и деветата беше на 1 април, а оваа на крајот на мај. Во меѓувреме дел од советниците секојдневно ги гледавме во кампања за претседателките и парламентарните избори.

    „Се работи за политички договор помеѓу партиите на власт за да не се користи советот за критика за локалните проблеми, и слободно да си тераат кампања. Се работи за злоупотреба на моќ и неетичко однесување. На кого му е гајле за проблемите на граѓаните“, велат советници од опозицијата кои ги контактиравме.

    Според Деловникот советот на општините треба најмалку еднаш месечно да одржуваат редовни седници. Кумановскиот совет  ретко кога имаа повеќе од една седница во месец. Паушалите на советниците се над 25.000 денари месечно.
     

    Дневен ред за утрешната седница:

    1.Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.01.2024 – 31.03.2024 година;

    2. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово - план‘‘ - Куманово за период од 01.01.2024 – 31.03.2024 година;

    3. Годишен извештај за реализација на Програмата за развој на Североисточен плански регион 2021 – 2026, за 2023 година, со Извештај за финансиското работење на Центарот за развој на Североисточен плански регион за 2023 година;

    4. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за I квартал од 2024 година.