×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • По две години во Кумановската болница ќе се оперира катаракта

    10.11.2023 18:50 | Оливера Пешевска

     На Очното одделение во  Општа болница Куманово, по пауза од две години ќе започне да се спроведува катарактна хирургија со имплантација на интраокулрани леќи. 

    По две години во Кумановската болница ќе се оперира катаракта

    Проектот се одвива со помош на Клиниката за очни болести од Скопје, која обезбедува едукатори за обучување на млади специјалисти на одделението.
    Закажувањето оди преку „Мој термин“, а подетално за начинот на закажување пациентите можат да се обратат до матичните лекари.

    „Нашите сограѓани кои имаат дијагностицирано катаракта можат да се обратат до Очното одделение на Општа болница Куманово за потврда на дијагнозата и секако, закажување и спроведување на оперативниот третман. Операцијата се изведува ласерски, а во моментов располагаме со интерокуларни леќи Енвиста“, изјави директорката Биљана Ивановска.

    Одговорните од болницата се надеваат дека третманот сега ќе биде подостапен за граѓаните, дијагностиката и третманот ќе одат побрзо. Со тоа пацинетите не мора да патуваат за Скопје или да плаќаат скапи третмани во приватните болници, а медицинската состојба побрзо ќе се разрешува во корист на осигурениците.

     Катаракта, во народот попозната како перде претставува заматување на природната леќа на окото кое предизвикува слабеење на видот. Почнувајќи од почетно заматување, полека постепено доведува и до привремено слепило од кое може да се развие потполно заматување на леќата во најдоцната фаза на болеста. Кога еднаш ќе се појави катарактата, веќе не може да се излекува со капки за очи, очила со зголемен диоптер, ниту со посебна исхрана, туку единствено може да се отстрани со оперативен зафат. Операцијата е значајно побезбедна доколку се оперира катарактата во рана фаза-пократко трае интервенцијата,со минимален процент на компликации, а оздравувањето е далеку побрзо и покомфорно.