×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • По едно прваче во Четирце, Градиште, Габреш и Кучкарево

    19.08.2014 07:17 | KumanovoNews

     Во основните училишта во селата Четирце, Градиште, Габреш и Кучкарево, оваа учебна година, ќе тргне само по едно прваче.

    По едно прваче во Четирце, Градиште, Габреш и Кучкарево

    Дел од учениците ќе посетуваат настава во комбинирани паралелки, додека во подрачното училиште “Браќа Рибар„ во село Четирце, првачето ќе биде единствен ученик на неговата учителка.

    „Лани во истото училиште немаше ниту едно прваче, а оваа година има само едно. За следната година има најави дека ќе бидат три или четири правчиња. Во другите подрачни училишта имаме поголем број на првачиња. Во Горно Којнаре се запишани осум, во Костурник три, Сопот дванаесет и во централното во Табановце имаме осум правачиња„ - вели Светлана Стефановска, директорка во  “Браќа Рибар„.

    Во основното училиште “Вера Которка“ во село Клечовце се запишани четири првачиња, а лани во истото училиште имаше само едно прваче.

    „Требаше да се запишат девет првачиња, но другите се отселиле. Пред три години имавме дванаесет првачиња, но сега бројката е мала. Кај нас се образуваат деца од Клечовце, Јачинце, Довезенце, Стрезовце, Војник и Бељаковце“ - рече Тоде Михајловски, директор во “Вера Которка“.

    Од “Кочо Рацин“ објаснуваат дека во подрачните школи во Градиште, Габреш и Кучкарево имаат по едно прваче и тие ќе учат во комбинирани паралелки, а во Орашац се запишани четири правчиња.