Почина актерот Драгиша Димитријевски - Шипе
08.01.2013 13:14
| KumanovoNews
По кратко боледување вчера почина актерот Драгиша Димитријевски - Шипе.
Тој е роден на 6 април 1956 година во Куманово. Својата актерска кариера ја почнува со претставата “Мајка храброст и нејзините деца“ во 1974, а во 1979 година диполомирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на професорката Тодорка Кондова. Од 1980 година тој е дел од кумановскиот театар каде играл над 150 улоги. На пошироката јавност Димитријевски и е познат по своето ликовно творештво. Тој има добиено неколку награди за ликовниот опус, а последниве години е уметнички раководител на ликовната колонија Карпино.
Погребот е денеска во 15 часот на градските гробишта, а утре во 12 часот во театарот ќе се оддржи комеморација.