×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почина Мирољуб Лалевски - Нини, поранешен кошаркар и судија

    15.03.2024 12:53 | KumanovoNews

    Поранешниот кошаркар и судија, легенда на македонската и кумановската кошарка,  Мирољуб Лалевски - Нини, почина денеска на 85-годишна возраст.

    Почина Мирољуб Лалевски - Нини, поранешен кошаркар и судија

    Лалевски е роден во Куманово во 1939 година. Кошаркарската  кариера ја започнал во 1952 година како пионер на кошаркарската секција во Друштвото за телесно воспитување „Партизан“, во Соколана. Првиот официјален настап го имал со 16 -години, а во 1960 година ќе бид епрогласен за најдобар стрелец на Зимскиот турнир во Соколана.
     
    Во 1962 година ја започнал судиската кариера и ја делел правдата на кошаркрските терени  во Втората сојузна лига, како во најсилната, Прва „А“ лига на Југославија.

    Во богатата спортска кариера, беше играч, тренер, судија, технички раководител, возобнувач на клубот од Куманово по повеќегодишна  пауза. Беше и претседател на клубот, спортски директор, советник во КК Куманово.

    Погребот на Мирољуб Лалевски-Нини ќе биде во сабота, од 14 часот, на градските гробишта во Куманово.