Почина првоборецот Душан Јовановски
11.03.2014 15:33
| KumanovoNews
Претседател на Сојуз на борци Куманово, Душан Јовановски, синоќа почина во 90 - та година од животот.
Јовановски на позиција претседател на Сојуз на борци Куманово, беше последниве 2 години. Тој е учесник во НОБ, а потоа активно се вклучил во општествено-политичкиот живот на градот. Работел како технички директор во крзнарата “Илинден“ , а последниве 15 години беше мошне активен во боречката организација.
Јовановски денеска беше погребан на градските гробишта во Куманово.