×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почна чистењето на снегот од кумановските улици - засега движењето без проблеми

    10.01.2022 13:13 | Сузана Николиќ

    Од 13 часот почна чистењето на снегот од улиците и патиштата во Куманово. Шест машини на фирмата „Кооп-инжинеринг“ од Куманово, која е задолжена за зимско оддржување на улиците го чисти од снегот, кој од утринава паѓа со несмален интензитет, тврдат надлежните.

    Почна чистењето на снегот од кумановските улици - засега движењето без проблеми

    Според Момчило Јовановски, помошник раководител на Одделението за комунални дејности при Општина Куманово, улиците се прскаат со течност против замрзнување и се фрла сол. 

    „Засега се е под контрола, чистењето оди според предвидената динамика. Се интервенира по листата на приоритети. Немаме поплаки ниту пријави од граѓаните, ни од жителите на селата дека некаде има непроодни или завеани патишта. Колку сол и течност е  истурена ќе знаеме на крајот на денот“, изјави Јовановски.

    За зимско оддржување на Куманово предвидени се околу 9 милиони денари, а покрај во градот, фирмата „Кооп инжинеринг“ има обврска да ги чисти и улиците во приградските населби и локалните патишта.