Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Иако сеуште е неизвесно дали ќе има предвремени парламентарни избори, партиите започнаа со проверка на популарноста на нивните членови.
Деновиве во Куманово се спроведе телефонска анкета од Агенција за истражување на јавно мислење за најпопуларен политичар во Општината Куманово. При тоа беа посочени конкретни имиња за кои испитаниците требаше да кажат дали ги познаваат и какво мислење имаат за нив.
Нарачателот на анкетата се интересираше за рејтингот на: Оливер Спасовски пратеник, Мартин Костовски претседател на општинската организација на СДСМ, Драган Митевски сопственик на бензинска пумпа „Алми-петрол„, Горан Стојковски директор на Водовод и Виктор Божиновски бивш директор на „Водовод„, Мирослав Стојановски, претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Петковски советник, Даниел Живачки директор во Центарот за социјални работи, Филип Саревски вработен во Агенцијата за воздушен сообраќај и Сашо Трифуновски, доктор уролог.
Иако не се знае за која намена е анкетата, претпоставуваме дека се „испипува пулсот„ на граѓаните пред парламентарните избори.
Во кумановската јавност дел од овие политичари се спомнуваат како потенцијални кандидати за пратеничката листа. Списокот се надополнува со Зоран Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ, како и Максим Димитриевски и Атина Мургашанска од СДСМ.