Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Верници кои сакаат да скокаат по светиот крст можат да се пријават во црквите во Куманово и Старо Нагоричане, но нема да бидат вратени да учествуваат ни оние кои ќе дојдат на самиот ден во петок.
„Во просториите на Стара црква можат да се пријават сите кои сакаат да учествуваат во потопувањето на Светиот крст во богојавленските води. Иако не е неопходно, пожелно е да имаме приближна бројка на кандидати. На сите што ќе дојдат на литургијата која започнува во 8 часот, ќе им биде дозволено да учествуваат. Чинот на положување на крстот ќе се оддржи во 10 часот, по завршувањ на литургијата“, истакна намесникот Драган Алексовски.
Општина Старо Нагоричане упати повик за пријавување на полнолетни кандидати за учество на осветувањето на водите на реката Пчиња.
„Пријавување на полнолетни граѓани за учество на манифестацијата ќе биде најдоцна до 17 јануари. Централниот настан на осветување на водите на реката Пчиња и фрлање на светиот крст ќе започне во 11 часот во бањата во селото Стрновац“, стои во повикот.
Организатори се Црковниот одбор на селото и Општина Старо Нагоричане.
Празникот Богојавление се слави на 19 јануари во чест на крштението на Исус Христос во реката Јордан, а обичај е верници да влезат во осветените води и го извадат чесниот крст.