×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почна сезоната на зимници, ајварката најбарана

    05.09.2015 13:09 | KumanovoNews

    Сезоната на зимници започна, а на Зелениот пазар во Куманово најмногу се бара ајварка.

    Почна сезоната на зимници, ајварката најбарана

    Ајварката се продава за цена од 40 денари по килограм, цена идентична на ланската година. Пазарџиите велат дека граѓаните купуваат од 30 килограми па нагоре, секој според потребите и можностите.

    Најубавиот пипер за ајвар се продава за 40 денари. И лани беше исто. Луѓето купуваат пипер за зимници. Од 30 килограми пипер ќе направат 10 до 12 тегли ајвар - рече Јадранка Митровиќ, произведувач од село Речица.

    На пазарите деновиве е раздвижено, а дел од трговците сметаат дека ајварката ќе поскапе бидејќи нема доволно количини.

    Град го уништи производството во Прилеп, Битола и сега е многу топло, па затоа скапува пиперот. Цената мора да се покачи, под 50 денари нема да биде сигурно. Продажбата оди полошо од лани - кажа трговец.

    Граѓаните кои ги затекнавме на пазарот велат дека ајварот е неизбежен дел од нивната трпеза и секоја година во почеток на септември го подготвуваат.