×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почнаа превентивни конзерваторски интервенции на црквата Св.Богородица во Матејче

    28.11.2020 12:53 | KumanovoNews

    Националниот конзерваторски центар - Скопје започна со превентивни конзерваторски интервенции на црквата Св. Богородица во Матејче, за ова културно добро да се заштити од надворешни влијанија во зимскиот период, објави министерката за култура Ирена Стефоска.

    Почнаа превентивни конзерваторски интервенции на црквата Св.Богородица во Матејче

    Таа по доаѓањето на функцијата, во септември најави дека еден од нејзините приоритети и прва задачa ќе биде воспоставување на ефикасен систем за заштита на културното наследство во државата и спречување на вандалскиот однос кон него, бидејќи тоа сите нас нѐ носи во пропаст.

    За Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матејче, уште во 2017 година Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство повеле иницијатива за негово прогласување за културно добро во опасност, но тоа до денеска не е сторено.

    Статусот добро во опасност, значи да се мобилизираат сите стручни и материјални ресурси во земјава и да се вклучуваат меѓународни експерти и ресурси за трајно решавање на проблемот.

    Црквата „Света Богородица“ во Матејче во себе го содржи најголемиот насликан ансамбл од 14 век на македонската територија и е еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност на македонска почва и ремек-дело на дворскиот стил кој што бил карактеристичен за епохата на Палеолозите. Изградена e во XIV век од страна на цар Душан, а по неговата смрт, неговата сопруга Елена и неговиот син Урош ја доградиле и живописале. За време на воениот конфликт во 2001 година, црквата е оштетна, а конаците разурнати.

    И покрај сите премрежиjа, црквата и денеска му пркоси на времето и изгледа величенствено.