×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Под мотото „Сите сме нивни деца“ се одбележува Неделата за грижа стари лица во „Зафир Сајто“

    22.11.2024 16:22 | Оливера Пешевска

    „Сите сме нивни деца“ е мотото под кое се одбележува Неделата на грижа за стари лица во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово. 

    Под мотото „Сите сме нивни деца“ се одбележува Неделата за грижа стари лица во „Зафир Сајто“

    Цел на програмските активности е поголема интеграција на старите лица во сите сфери на општествениот живот, поголема социјализација преку дружења со деца и младинци кои за штитениците се пријатни моменти.

    „Замислени се активности кои ја разбиваат монотонијата на секојдневието, но всушност се работи само за побројна агенда од вообичаеното функционирање. Со штитениците во домот ние често знаеме да организираме правење на баници и зелници за појадок, а тоа го имплементиравме и во програмските активности. Посебно доживување за дел од нив беше појадокот организиран во ресторанот „Унико“ на 19-ти, но уживаа и во посетите на учениците од средните училишта „Киро Бурназ“ и Гимназијата „Гоце Делчев“, медицински сестри од  Општа болница Куманово, децата од второ одделение од ОУ „Браќа Миладиновци“, посета на волонтерите на Црвениот крст“, објаснува директорот Дејан Стојановски.

    Сите активности биле дополнети со македонска традиционална народна музика или рецитации, глума и пеење за што попријатна атмосфера.

    Денеска беа организирани и спортски натпревари,  турнир во шах и други умствени, когнитивни игри, а најдобрите добија симболични награди.

    За деновите од викендот е предвидено гостување на КУД „Срма“ со културно уметничка програма, а недела ќе ја затворат со активности организирани од персоналот и вработените во домот.

    Стојановски потенцира дека тие често организираат работилници и активности кои ја поттикнуваат меѓусебната дружба на штитениците.

    „Набавуваме материјали, волница и игли за часови по плетење, па оние повештите им покажуваат на другите како се изработуваат чорапи или елеци. Други пак, повешти во кујната знаат заедно со вработените да замесат домашен леб, да исукаат баница или зелник, осмислуваме разни начини за да го елиминираме чувството на осаменост или отфрленост кај корисниците. Вклучените во тие активности не се сметаат себеси за бескорисни, што е огромен бенефит за нивната психичка и емотивна состојба“, објаснува директорот.

    Во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ се згрижени 171 штитеници, а имаат и листа на чекање со повеќе од 25 запишани лица.

    Корисници не се лица само од Североисточниот регион, туку и Источна Македонија. Во државата постојат само шест домови за стари лица во државна сопственост- освен Куманово, кој е еден од најстарите формирани, функционираат уште два во Скопје, Битола, Прилеп и Берово.