×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поднесени 4000 барања за легализација на дивоградбите

    04.08.2011 15:58 | KumanovoNews

     Од Секторот за урбанизам и комунални дејности во Општината досега се поднесени околу 4000 барања за легализација на бесправно изградените објекти, или помалку од една третина од вкупниот број на регистрирани дивоградби во градот.

    Поднесени 4000 барања за легализација на дивоградбите

     Од општината велат дека бројката не е задоволителна, со оглед на тоа што останува уште еден месец до завршување на законскиот рок, предвиден за поднесување на барањата.

     Граѓаните не мора да ја поседуваат целокупната документација,потребно е да се достави барање, фотокопија од документ за идентификација,додека елаборатите ако се во фаза на подготвување,ќе ги достават подоцна до Секторот за урбанизам, вели раководителот на секторот, Лидија Ланг Спасовска.

    Општината има формирано четири комисии кои секојдневно излегуваат на терен и согласно законската процедура ги евидентираат пријавените објекти за подоцна да добијат урбанистичка согласност и решение за легализиран бесправно изграден објект.

    Комисијата разгледала повеќе од половина од пристигнатите барања и досега издала над 300 решенија. Од Секторот се надеваат дека интересот за легализација ќе се зголеми во текот на август. Во Куманово има регистрирано оклу 13 000 беспарво изградени објекти, а најголем дел од дивоградбите во Куманово се лоцирани во населбите Пуковско, Ајдучка чешма, Циглана, Железничка Станица, кај Градскиот Стадион и другите населби.