Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Се намалуваат цените на месечните и годишните карти за користење на паркинг услугите.
Директорот на ЈП“Куманово - паркинг“, Фадиљ Шабани вели дека на овој начин ќе си помогнат на претпријатието, но и на граѓаните кои ќе заштедат плаќајќи однапред.
Правиме напори и донесовме одлука месечната претплата за физички и за правни лица да биде намалена за 10, 30, 50 отсто. Поволноста е за граѓани кои ќе платат за 6 месеци да имаат попуст од 10 отсто, а на годишно ниво попуст имаат 20 отсто. Цената на паркинг со смс останува иста 30 денари - изјави Шабани.
Советникот од ДПСМ, Саша Николиќ потсети дека во кампањата за локалните избори градоначалникот вети намалување на цената од 30 денари за паркирање, а истото не е направено.
На ова директорот Шабани како пример го наведе Скопје каде за 1,5 час се плаќаат 120 денари за паркирање.