Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Цената на дизел горивото ќе се намали за 10,5 денари и наместо 85,5 денари ќе изнесува 75 денари, додека бензинот ќе се намали околу 11,5 денари и наместо 91,5 денари ќе изнесува 80 денари, со дел од мерките за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите, кои ги донесе Владата.
Овие намалувања на цените на бензините и другите нафтени деривати произлегуваат од мерката за намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 10 отсто при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и од мерката за намалување на акцизата врз основа на берзанските цени.
Дополнително, со мерката за ослободување од плаќање ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување, се ослободуваат увозниците на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување, од плаќање на данок на додадена вредност при увоз на овие добра, со што се овозможува подобрување на ликвидноста и профитабилноста на компаниите.