×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поевтинуваат бензините и дизелот

    15.07.2024 20:09 | KumanovoNews

    За еден денар поевтинуваат бензините од 95 и 98 октани, цената на дизелот се намалува за 1,5 денари, а Екстра лесното масло за горење за два денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

    Поевтинуваат бензините и дизелот

    Новите, намалени цени стапуваат на сила од вечерва на полноќ на сите бензиски станици во државата.

    Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:

    - Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 83,00 (денари/литар)

    - Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 85,00 (денари/литар)

    - Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 75,50 (денари/литар)

    - Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 73,50 (денари/литар)

    - Мазут М-1 НС - 46,909 (денари/килограм)

    Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,69 проценти. Корекција на цените е поради тоа што референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување, и поповолниот курс на денарот во однос на доларот.